Фото: EPA/DEAN LEWINS

ВИДЕО | Волкановски ја одбрани титулата и испиша историја во УФЦ

Уште една историска УФЦ ноќ е зад нас, Александер Волкановски ја одбрани својата титула во перо категорија на УФЦ 325 во Сиднеј, Австралија, победувајќи го Диего Лопез со едногласна одлука на судиите по пет рунди.

Волкановски доминираше во борбата, а резултатите на судиите покажуваат колку бил подобар од својот предизвикувач, со резултати од 49:46, 49,46 и 50:45, добивајќи ја секоја рунда.

Ова беше осма одбрана на титулата на Волкановски во неговата кариера, а тој го победи Лопез по втор пат во кариерата.

Волкановски го фрустрираше противникот со своето движење и прецизни удари во текот на целата борба.

На крајот, Лопез се обиде да ризикува во петтата рунда, знаејќи дека мора да оди на нокаут. Сепак, се чини дека во еден момент доживеа повреда на на ногата кога го удри Волкановски во лактот.

Со оваа победа, Волкановски испиша историја, бидејќи се израмни со Бразилецот Жозе Алдо, со кој сега има осум победи во борби за титулата во перо категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот