Јака Малус/РК Вардар

ВИДЕО | Во ЕХФ воодушевени од вардарецот Јака Малус: „Каква ракета!“

Ракометарите на Вардар вчера славеа голема победа над Бенфика во Лигата на Европа со 33-27 со што обезбедија место во осминафиналето, а во овој триумф најдобар на теренот беше Јака Малус.

Вардар има шанси и за четвртфинале, меѓутоа тоа зависи од дуелот против Мелсунѓен на гости во кој избраниците на Чупиќ не треба да загубат. Малус вчера против Бенфика блескаше со девет гола, а еден ги воодушеви и луѓето во ЕХФ.

„Каква ракета“, стоеше во описот на страницата на Европската лига за еден од погодоците на ракометарот на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот