Пол Вокер и Вин Дизел - Фото: Инстаграм/Пол Вокер

ВИДЕО | Вин Дизел со емотивен говор за Пол Вокер ги расплака сите во Кан

Актерот Вин Дизел за време на специјалната проекција на филмот „Брзи и бесни“ во Кан, со која беше одбележана 25-годишнината од почетокот на франшизата, не можеше да ги сопре солзите додека зборуваше за својот прерано починат пријател и колега Пол Вокер, пренесува „Ндтв“.

Доцната проекција во Палатата привлече огромна толпа луѓе, а фановите се собраа пред театарот „Гранд Лумиер“. За разлика од вообичаените настани на црвениот тепих во Кан, од гостите беше побарано да го почитуваат кодексот на облекување „casual chic“.

Пол Вокер и Вин Дизел – Фото: Profimedia

Вин Дизел пристигна во специјална јакна со натпис „Fast Forever“ (Засекогаш брзи) испишан со кристали. Премиерата на следниот филм од франшизата, со истоимениот наслов „Fast Forever“, е закажан за 17 март 2028 година.

На настанот присуствуваа и актерките Џордана Брустер и Мишел Родригез, продуцентот Нил Х. Мориц, претседателката на Universal, Дона Ленгли, како и Медоу Вокер.

Дизел зборуваше за својата долгогодишна поврзаност со Кан и сподели спомени од почетоците на неговата кариера. Тој со многу емоции говореше за Пол Вокер, кој почина во 2013 година на 40-годишна возраст.

Проекцијата заврши со многу солзи кај публиката, која по завршувањето на филмот ја награди екипата со стоечки овации. Заблагодарувајќи им се на фановите за лојалноста, Дизел додаде:

„Сакам само да знаете, вие сте единствената причина поради која го снимаме финалето на ’Брзи и бесни‘ за 2028 година. Сакаме да ве направиме горди“.

Пол Вокер и Вин Дизел – Фото: Инстаграм/ВинДизел

Оригиналниот филм „Брзи и бесни“, објавен во 2001 година, го претстави Вин Дизел како Доминик Торето и Пол Вокер како Брајан О’Конер. Акционата сага оттогаш прерасна во една од најголемите холивудски франшизи, заработувајќи над 7 милијарди долари ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот