Бекамови - Фото: EPA/Tolga Akmen

ВИДЕО | Викторија повторно во центарот: Најмладиот син на Бекамови „лајкна“ видео што ја исмева мајка му

Круз Бекам (20), најмладиот син на Викторија и Дејвид Бекам, предизвика реакции на социјалните мрежи откако „лајкна“ видео на Инстаграм во кое се исмеваат обвинувањата на неговиот постар брат Бруклин. Бруклин тврди дека нивната мајка му го „украла“ првиот танц со сопругата Никол Пелц Бекам и го „понижила“ за време на свадбата. Со овој потег, Круз дополнително го сврте вниманието кон семејните тензии кои деновиве станаа јавни, пренесува магазинот „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olly (@olly_101)

Рилс-видеото што Круз го „лајкнал“ е објавено од креаторот на содржини и комичар Оли Хјум. Во него, Хјум глуми диџеј на свадбата на Бруклин и Никол, одржана во април 2022 година, каде што, според верзијата на Бруклин, се случил спорниот момент.

„А сега песната што мајката на младоженецот ја побара за својот прв танц со синот“, вели Хјум, по што ја пушта песната „Pony“ од пејачот Гинуајн – хит од 1996 година, често поврзуван со стриптиз-клубови, кој повторно стана популарен по филмот „Magic Mike“.

Фото: Притнскрин/ Инстаграм

Корисниците на Инстаграм брзо забележаа дека Круз го „лајкнал“ видеото.

„Круз Бекам навистина го лајкна ова, умирам од смеење“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Фактот што Круз го лајкна ова“

„Поздрав до @cruzbeckham што се смее со нас. Каков цар!“, стои во друг коментар, а четврти корисник напиша: „КРУЗ БЕКАМ ГО ЛАЈКНА ВИДЕОТО.“

Видеото е реакција на објавата на Бруклин од понеделник, кога јавно проговори за затегнатите односи со родителите и тврдеше дека Викторија му го „украла“ првиот танц со Никол.

„Мајка ми ми го одзеде првиот танц со сопругата, кој беше планиран со недели однапред со романтична љубовна песна“, напиша Бруклин. „Пред околу 500 гости, Марк Ентони ме повика на сцената. Според планот, тогаш требаше да го имам романтичниот танц со сопругата, но наместо тоа мајка ми ме чекаше за да танцувам со неа.“

„Таа танцуваше со мене на начин што ми беше непријатен, пред сите“, додаде тој, тврдејќи дека „никогаш во животот не се чувствувал понепријатно или понижено“.

Бруклин објасни и зошто тој и Никол во август 2025 година ги обновиле брачните завети, повеќе од три години по венчавката.

„Сакавме да создадеме нови спомени од нашиот свадбен ден што ќе ни носат радост и среќа, а не непријатност и срам“, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот