18.8 C
Скопје

ВИДЕО: Вардар е поблиску до четвртфинална битка со ППД Загреб

Вардар 1961 уште во првиот натпревар најави дека има поголем квалитет, и тоа го докажа веќе во првите 60 минути за влез во четвртфиналето на СЕХА лигата. Денеска во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје „црвено-црните“ против Металопластика од Србија забележаа убедлива победа од 39:31.

Вардар имаше лош старт на натпреварот, но после одиграни 30 минути беше во предност од пет голови. Првиот погодок го имаше од својот трет напад за намалување на 2:1. На стартот српската екипа изненади поведувајќи со највисоки четири голови разлика, 6:2 и 8:4, но од тие моменти почна Вардар да се „буди“.

Со серија од 5:0 играчите на Стевче Алушовски направија целосен резултатски пресврт кога поведоа со 9:8, благодарение на расположениот Робин Кантегрел кој до средината на првиот дел имаше седум одбрани, како и Јотиќ, Дибиров и Стоилов кои го полнеа противничкиот гол. Во 19 минита имаше Вардар и два гола разлика (12:10), но противникот врати со два гола и го израмни резултатот на 12:12.

Потоа, следуваше квалитетот на скопскиот клуб кој до крајот на првиот дел направи нова серија од 5:1. Следеа два гола во серија на Талески, па Валчак и Кантегрел погодија празен гол, за Јотиќ со нов гол да зголеми на 18:13. До крајот на првиот дел и двете екипи постигнаа по еден гол, за резултат 19:14 на паузата.

На стартот на вториот дел Вардар реализираше два последователни голови, за водството да стигне и до седум голови разлика (21:14). На голот на нашиот претставник настапи и Кизиќ кој исто така беше несовладлив, стигна до четири одбрани, додека најатрактивниот погодок беше дело на Стоилов како асистент и Талески како реализатор. Во последните 13 минути Вардар влезе со предност од 31:24 и до крајот на мечот беше само рутина.

Јотиќ беше најефикасен со 10 голови за Вардар 1961, а голманот Кантегрел и Кизиќ собраа вкупно 15 одбрани. Во вторник од 16.00 часот ќе се одигра реванш дуелот по што и официјално ќе се знае ривалот на ППД Загреб во четвртфиналето од регионалното натпреварување.

Поврзани вести

Падобранецот на „Гринпис“едвај спасил жива глава, снајперисти го имале на нишан

Слободен печат

Ламело Бол е дебитант на годината во НБА

Слободен печат

Навивачка љубов: „Фалангата“ и украинските фанови заедно во Букурешт

Слободен печат

ВИДЕО: Италија ја суреди Швајцарија и се пласира во осминафиналето

Слободен печат

ФОТО: Јокиќ се врати во родниот Сомбор и веднаш седна во едносед

Слободен печат

Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

Слободен печат

Остави Коментар