ВИДЕО | Вака изгледаше првата средба на Џастин и Хејли Бибер пред 17 години
Секоја љубовна приказна има свој почеток, а за Џастин и Хејли Бибер, тоа се случи во 2009 година, зад сцената на „Today Show“. Тогаш Хејли беше само тинејџерка и голем фан, која доби прилика да го запознае младиот канадски пејач Џастин, кој го промовираше својот прв албум „My World“.
Препорачано
Хејли на снимањето дојде со својот татко, актерот Стивен Болдвин.
Болдвин, кој беше пријател со мајката на Џастин, Пати Малет, помогна Хејли и Џастин да се запознаат. Во тој момент, никој не можеше да знае дека станува збор за првиот состанок на идните сопружници.
Во видеото споделено на социјалните мрежи, се гледа како Џастин го поздравува Болдвин и ги префрла шишките на другата страна. Потоа Болдвин ја претставува својата ќерка Хејли, која му подава рака.
„Уживаме во твојата музика“, му кажа Болдвин на Џастин.
Додека Џастин заминуваше им рече на Болдвин и Хејли:
„Ќе се видиме повторно“.
Во тоа време, никој не можеше да знае дека после толку години ќе бидат семејство.
„Ја запозна својата идната сопруга и мајка на првото дете“, „Изгледаше срамежливо. Не е лесно да си тинејџер. Убаво е што подоцна се венчаа“, „Како го гледа во првиот кадар, преслатко. Еден ден ќе биде твој идни сопруг и татко на твоето дете“, беа некои од коментарите на Инстаграм.


