ВИДЕО: Трка во Формула 2 донесе страшна несреќа која можеше да заврши трагично

Во инцидентот во Силверстоун учествуваа Денис Хаугер и Рој Нисани/Фото: Принтскрин/Твитер/@Burnfessor1

Трката што се возеше во Силверстоун во рамките на Формула 2 за малку ќе имаше фатален и трагичен почеток.

Двајца возачи во трката се судрија, завршија надвор од патеката, за среќа, без последици.

Денис Хаугер и Рој Нисани беа вклучени во инцидентот, а ореолот (системот за заштита на возачите во кокпитот на болидите) му го спасил животот на возачот откако болидот во еден момент буквално бил над другиот болид.

Нешто слично на ситуацијата во Монца каде болидот на Макс Ферстапен заврши на главата на Луис Хамилтон.

Можете да погледнете на видео записот како изгледаше сето тоа:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот