ВИДЕО | Трик за печење јагнешко во рерна: Богато со вкусови се топи во устата
Кај нас, на велигденската трпеза јагнешкото месо е главна ѕвезда. Најчесто, секое семејство си има свој рецепт или тертип на подготовка, но оваа верзија можеби ќе ве инспирира да ја промените традицијата.
Препорачано
Печеното јагнешко месо може да се подготви во рерна за да изгледа како штотуку да е извадено од ражен. Трикот е во совршената маринада.
Печеното јагнешко најчесто се пече за Велигден, а за оние што одлучиле да го приготват дома, ви предлагаме да го направите со оваа маринада, која ќе му даде на печењето посебен шмек.
Состојки:
– 4 килограми јагнешко месо
Маринада:
– 3 лажички сол
– 3 лажички сушен зачин
– 2 лажички лута пиперка
– 2 лажички слатка алева пиперка
– 3 лажици сенф
– 100 милилитри масло
– 6 до 7 чешниња лук
– 3 до 4 ловорови листови или гранчиња рузмарин
– 250 милилитри бело вино
Подготовка:
Измијте го месото и исушете го со влажна крпа. Претходно, во еден сад измешајте ги добро сите состојки за маринадата. Исушеното јагнешко богато намачкајте го од сите страни со маринадата. Пред да го ставите во садот за печење,
Обложете го садот со хартија за печење во кој ќе го печете јагнешкото, ставете го остатокот од маринадата и сипете една чаша топла вода. Преклопете го месото со хартијата за печење и ставете па во огноотпорен сад со капак или во подлабоко тенџере и печете или динстајте 2 часа без да го отворате. Месото печете го во рерна на 175 до 180 степени околу два часа.
Потоа префрлете во плех, прелијте го со маснотијата од маринадата и печете во рерна уште 45 минути на 180 степени.


