Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во новата сезона на Лига Европа и на најдобар можен начин му го честитаа 20 роденден на компанијата „Еурофарм“, која е главен акционер во клубот.
Веќе традиционално Европската ракометна федерација ги објавува најдобрите голови и одбрани после секое коло.
Повторно во изборот на ЕХФ во Топ 5 одбрани се наоѓа голманот на Еурофарм Пелистер, Благојче Трајкоски.
А исто така во Топ 5 голови е и левото репрезентативно крило, Бојан Маџовски.