ВИДЕО | Тиктокер ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица, не знаејќи која е таа: Ѝ го скрши егото за две минути
Тиктокерот Кан стана вирален откако ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица, а она што најмногу привлече внимание не беше само средбата со познатата пејачка и актерка, туку тоа што не ја препозна.
Препорачано
@hikhann_ What do you do for a living? #foryoupage #whatdoyoudoforaliving #viralvideo #clout #foryourepage #viral #fyp #foryou #tiktok ♬ original sound – Khan
Додека поминувал покрај неа, тиктокерот спонтано ѝ упатил комплименти за нејзиниот стил на облекување, а потоа ја запрел и ја прашал што работи за живот. Таа за момент се изненадила пред да одговори дека е пејачка и забавувачка. Секако, корисниците на ТикТок забележале како Џенифер била целосно збунета од ситуацијата.
Сите детали од таа средба беа објавени во видео кое е прегледано речиси 10 милиони пати, а тиктокерот ѝ поставил уште неколку прашања на Џенифер Лопез. Освен што ја прашал што работи за живот, тој ја прашал и како се вика, што ѕвездата уште повеќе ја изненадило.
Тој потоа ја прашал Џенифер што ѝ се допаѓа во нејзината работа, а таа одговори дека сака сѐ во врска со тоа. Интервјуто не заврши тука – следното прашање беше што ја мотивирало да го избере овој пат во кариерата, на што Лопез одговори: „Тоа е само нешто што морав да го направам“. Потоа ја допреа темата за самодоверба, а Џеј Ло го сподели својот совет.
На крајот од интервјуто, ја праша Џенифер кој е најдобриот совет што го добила, а таа откри дека нејзината мајка ѝ рекла: „Работи напорно и биди добра личност“.
На многумина им беше смешно што во еден момент покрај нив поминаа девојки и почнаа да ја довикуваат, а таа со насмевка ги поздравуваше. Ниту во тој момент тиктокерот не претпоставуваше дека е голема ѕвезда.
Во коментарите под видеото се крена голема дебата – едни напишаа дека е очигледно дека само се преправа и има намера да ја испровоцира, а други излегоа во негова одбрана.
„Можеби човекот навистина не знае која е таа“, напиша некој.
„Овој тип го тестира нејзиното трпение. Навистина многу се трудеше да биде учтива“, „Беше изненадена, но сепак го продолжи разговорот“, „Нејзиниот говор на телото вели дека е многу навредена“, „Тој ѝ го скрши егото за две минути“, „Ова е најдоброто нешто што сум го гледал во изминатиов период“, биле коментарите.


