ВИДЕО | Тејлор Свифт конечно со свој профил на „ТикТок“: Фановите разочарани од нејзиното прво видео

Тејлор Свифт
Тејлор Свифт на „Тајм 100“ гала / 23 април 2019 / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Тејлор Свифт конечно се приклучи на популарната социјална мрежа „ТикТок“, но нејзиното прво видео ги разочара очекувањата на нејзините бројни фанови.

На општо задоволство на фановите, пејачката се приклучи на популарната мрежа по долго чекање, но во првото видео Тејлор одлучи да ja промовира својата винил плоча за нејзиниот албум „Red“.

Во описот на видеото, таа напиша дека „многу нешта се случуваат во моментов: винилот за „Red“ сега е достапен за нарачка, а сега сум на „ТикТок“, па нека започнат игрите“.

@taylorswiftLots going on at the moment: Red (my version) vinyl is up for presale on my site and oh I’m on tiktok now let the games begin 😺 ##SwiftTok♬ original sound – Taylor Swift

Фановите се возбудени, се разбира, но не поради промотивното видео, туку поради самиот факт дека Тејлор се приклучи на мрежата.

„Таа е тука, бидете мирни“ – ѝ напиша еден следбеник. „Добредојде на забавата кралице, те чекавме трпеливо“ – додаде.

Тејлор ќе ја издаде новата верзија на албумот „Red“ на 19 ноември, а на него ќе има и 10 необјавени песни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот