Фото: Инстаграм/Тејлор Свифт

ВИДЕО | Тејлор Свифт донираше 100.000 долари за лекување на двегодишно девојче заболено од рак: „Ти испраќам голема прегратка“

Пејачката Тејлор Свифт донираше 100.000 долари за лекување на двегодишната Лајла, на која ѝ е дијагностициран рак во четврта фаза. Донацијата следуваше откако на социјалните мрежи стана вирално видео во кое Лајла гледа музичко видео од Тејлор.

Имено, додека го гледала спотот, Лајла извикала: „Тоа е мојата пријателка!“

Донацијата беше уплатена преку страницата „GoFundMe“, отворена за Лајла и нејзиното семејство. Свифт заедно со донацијата испрати и трогателна порака:
„Испраќам голема прегратка до мојата пријателка Лајла! Со љубов, Тејлор“

@standwithlilah I didn’t know they were friends 😂 @Taylor Swift @Taylor Nation #fateofopheliataylorswift #TLOASG #taylorswift ♬ original sound – The Smoots

Лајла на само 18 месеци добила дијагноза за агресивна форма на рак на мозокот, откако доживеала напад. Досега ѝ е извршена операција за отстранување на туморот, а нејзиниот терапевтски процес вклучува хемотерапија, зрачење со протони и лекување со матични клетки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот