Кејт Мидлтон на Вимблдон/Фото: Stephen Lock / i-Images / Eyevine / Profimedia

ВИДЕО | Тајна камера откри што зборувала Кејт Мидлтон на Вимблдон

Вимблдон не е само сцена за врвен тенис, туку и место за средби на светската елита, а оваа година рефлектори беа насочени кон принцезата од Велс, Кејт Мидлтон (44). Додека Кејт го гледала натпреварот на младиот британски тенисер Артур Фери од трибините, нејзините приватни разговори со поранешниот тенисер Тимоти Хенри Хенман и претседателката на „Ол Ингланд клаб“, Деби Џеванс, биле снимени со посебни, тајни камери, откривајќи ја нејзината пристапна и духовита страна.

Принцезата од Велс се најде во кралскиот специјал „Слушнато на Вимблдон“ за време на нејзината посета минатата недела. Ова е многу успешна, вирална видеосерија објавена на официјалните профили на Тикток, Инстаграм и Јутјуб на Вимблдон.

Принцезата во разговорот се осврнала на својот неодамнешен потфат „Три врвови предизвик“, кој го презела со цел да собере средства за болницата Ројал Марсден, каде што и самата се лекуваше во 2024 година. Иако за помалку од 24 часа успеала да ги освои највисоките врвови на Англија, Шкотска и Велс, таа со смеење признала дека временските услови биле, благо речено, „ужасни“.

„Сите бевме мокри до кожа, но тоа беше вистинска стоичка британска работа да се направи“, му раскажала Кејт на Хенман, нагласувајќи дека неверојатната дарежливост на донаторите ја мотивирала да продолжи и во најтешките моменти.

„Но, мислам дека дел од патувањето беше обидот да се ужива во процесот, претходниот тренинг, но и наоѓањето време во текот на одењето, запознавањето луѓе и уживањето во патувањето, наместо само брзо да стигнеме до врвот. Тоа те мотивира, кога знаеш дека тоа го правиш за добра цел. Тоа те покренува низ тешките времиња“, признала принцезата.

 

Освен за планинарењето, Кејт покажала дека е вистински познавач на тенисот кој го следи секој детаљ. Таа забележала дека тревата на теренот на почетокот на неделата изгледа „беспрекорно“, па го прашала Хенман дали се сеќава на легендата Пит Сампрас, кој со години доминираше во светскиот тенис. Кејт исто така го прашала Тим која е неговата „најголема брзина“ на сервисот, на што тој веднаш одговори дека изнесувала 146 км/ч.

 

ФОТО | Сите гледаат само во нозете на Кејт Мидлтон — принцезата во минијатурни шорцеви, во вакво издание не сме ја виделе

ФОТО | Наместо во ложа, продаваше билети — Кејт Мидлтон ги изненади сите на Вимблдон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот