ВИДЕО | Страшна сцена на рели во Аргентина — автомобил излета од патеката, гледач загина
Голема трагедија ја засени рели-трката „Судамерикано“ во Аргентина, откако натпреварувачко возило излета од патеката и влета во публиката, при што еден човек го загуби животот.
Препорачано
Станува збор за едно од најпрестижните рели натпреварувања на јужноамериканскиот континент, а делницата кон Мина Клаверо традиционално собира бројни љубители на овој спорт. Според првичните информации, екипажот од Парагвај, составен од возачот Дидиер Аријас и совозачот Хектор Нуњез, изгубил контрола во брза кривина. Возилото повеќепати се превртело и завршило меѓу гледачите.
Tragedia en el Rally Sudamericano: accidente de piloto paraguayo deja una víctima fatal 🚨
📍Un grave accidente se registró este domingo al mediodía durante una competencia del Rally Sudamericano en Mina Clavero, Argentina.
👉🏻El piloto paraguayo Didier Arias, junto a su… pic.twitter.com/29cVEdhr7D
— Radio Ñandutí (@nanduti) April 19, 2026
И покрај брзата интервенција на медицинските служби, 25-годишен маж од Кордоба им подлегнал на повредите. Повредена е и 40-годишна жена, која се здобила со скршеница на зглобот, но е надвор од животна опасност, додека нејзината ќерка поминала со полесни повреди. Возачот и совозачот останале неповредени.
Поради сериозноста на инцидентот, трката веднаш била прекината. Причините за несреќата сè уште се утврдуваат, а истрагата треба да покаже дали станува збор за човечка грешка, технички проблем или друг фактор.


