Невреме, откорнато дрво / Фото: принтскрин /Cropix/Дневник.хр

ВИДЕО | Силно невреме ги зафати Хрватска и Словенија — пороен дожд и ветер откорнаa дрвја и покриви

Силно невреме проследено со ветер, пороен дожд и грмежи попладнево ги зафати Хрватска и Словенија.

Силниот ветер во Загреб откорна дрвја, а во некои делови беше прекинат трамвајскиот сообраќај и имаше проблеми во јавниот превоз, пренесуваат хрватските медиуми.

Во некои загребски населби паѓаше и град.

Слично невреме го зафати и Самобор, каде улиците беа побелени од град, пишува Дневник.хр.

v

Загрепскиот електричен трамвај (ЗЕТ) објави дека дел од трамвајската услуга е прекината откако дрво паднало на електричните кабли на трамвајската мрежа.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска издаде портокалово предупредување за регионите на Загреб, Осиек и Карловац, што укажува на опасни временски услови. Жолто предупредување е во сила за остатокот од земјата, кое предупредува на потенцијално опасни временски услови.

Студен бран ја зафати и Словенија и донесе ненадејна промена на времето, со силен северен и северозападен ветер што локално предизвика бури. Како што пренесуваат словенските медиуми, регистрирани се налети на ветер од над 70 километри на час, а во некои делови од земјата паѓаше и град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот