ВИДЕО: Шкупи со победа на подготовките во Анталија

Денеска во пријателски натпревар водечкиот во македонскиот шампион Шкупи со резултат 2:1 славеше против Сумгајит од Азербејџан.
Стрелци на головите за клубот од Чаир беа Марјан Радески во 38. и Сундај Адетунџи во 66 минута од средбата.
Играчите предводени од тренерот Гоце Седлоски се подготвуваат во турската Анталија пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.
Најавени се уште три контролни мечеви, на 26 јануари противник на Шкупи ќе биде Черноморец Одеса од Украина, три дена подоцна ривал е Факел Воронеж од Русија, а на 31 јануари завршува серијата тест мечеви со рускиот Ахмат Грозни.
Видео на денот