Маркоски: Среќен сум што потпишав за Шкендија која прави тим за одбрана на титулата

Кире Маркоски/фото: ФК Шкендија

Кире Маркоски денеска беше промовиран како нов фудбалер на Шкендија. Тој во тетовските „црвено-црни“ доаѓа од редовите на лидерот од есенскиот дел од Првата лига, Шкупи и потпиша договор на една ипол година.

– Желбата на секој играч кој игра во домашниот шампионат е еден ден да биде дел од Шкендија. Среќен сум што потпишав за овој клуб кој создава силна екипа која има за цел да ја одбрани титулата и да дојде до успеси во европските натпреварувања. Мислам дека тука можам да се развивам повеќе како фудбалер. Со нетрпение чекам да почне првенство и да го дадам максимумот, и заедно со моите нови соиграчи да постигнеме успех за Шкендија – изјави Маркоски.

Маркоски во кариерата има настапувано за Работнички, Академија Пандев, АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава, а по потпшувањето на договорот, веднаш отпатува за Анталија за да им се подготовките на новите соиграчи.

Видео на денот