ВИДЕО | Шестмина загинаа во стампедо во Гана додека чекале можност за работа во армијата
Најмалку шест луѓе загинаа, а 22 се повредени во стампедо на стадион во Гана за време на настан за воена регрутација. Трагедијата се случила додека илјадници кандидати се собрале пред портите, надевајќи се на можност за работа во вооружените сили, објави Би-Би-Си .
Препорачано
Според соопштението од вооружените сили на Гана, трагедијата се случила во средата наутро кога „неочекувани напливи на кандидати ги прекршиле безбедносните протоколи и се упатиле кон влезовите“.
GAF Recruitment Stampede: Scenes from the El-Wak Sports Stadium, where the tragic incident occurred, resulting in six deaths.#3NewsGH #TV3GH pic.twitter.com/wOkz5OXqSl
— #TV3GH (@tv3_ghana) November 12, 2025
Петмина од повредените се во критична состојба.
Илјадници млади луѓе се собрале на стадионот со надеж дека ќе добијат можност за работа во армијата, во услови кога стапката на невработеност кај младите во земјата достигнува околу 32%, според најновите владини податоци. Поради големиот интерес, рокот за аплицирање бил продолжен за уште една недела.
Портпаролката на армијата, капетан Вероника Адзо Архин, изјави дека стампедото се случило пред почетокот на настанот, закажан за 6:20 часот по локално време. Претседателот на Гана, Џон Махама, ги посети повредените во болница.
Регрутацијата започнала според планот, но попладнето процесот бил суспендиран „за да се овозможат дополнителни безбедносни мерки“.


