ВИДЕО | Шарлиз Терон низ солзи – „Сите мислат дека сум ладнокрвна, но вистината е сосема поинаква“
Иако важи за една од „најстудените“ жени во Холивуд, Шарлиз Терон ја изненади јавноста со неочекуван излив на емоции за време на интервјуто за поткастот на „Њујорк тајмс“. Зборувајќи за тоа како трауматичното детство и губењето на татко ѝ го обликувале нејзиниот пат, 50-годишната оскаровка пред камерите ги бришеше солзите, признавајќи дека нејзината слика во јавноста е само штит.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Терон гостуваше кај новинарката Лулу Гарсија-Наваро за да го промовира својот нов акциски филм на Нетфликс, „Apex“, но разговорот брзо стана личен. Актерката, која е позната по тоа што сама ги изведува опасните сцени и покрај тешката повреда на вратот што ја заработи во 2005 година, откри дека нејзината дисциплина доаѓа од раната средба со смртта.
„Свесна сум дека времето брзо поминува. Пораснав со татко алкохоличар, чиј живот мојата мајка го прекина во самоодбрана. Тоа искуство ме турка напред. Свесна сум дека сè може да заврши штом излезам од оваа зграда. Ако еден ден останам во кревет, чувствувам како да сум пропуштила ден од својот живот“, изјави таа пред да почне да плаче.
Кога новинарката ја забележа нејзината ранливост, Терон прво се обиде низ смеа да ги негира солзите, нарекувајќи го тоа „патетично и глупаво“, но потоа ја откри вистината за својот карактер.
„Смешно е бидејќи луѓето секогаш мислат дека сум ’опасна ку*ка‘. Мислат дека сум ладна и дека можам сама да се грижам за себе. Понекогаш сум малку остра на јазикот, па тоа го сфаќаат како доказ дека сум цврста, но вистината е спротивна“, призна славната Јужноафриканка.
Таа додаде дека нејзините деца често се срамат од неа бидејќи може да се расплаче во секунда за која било ситница. Сепак, Терон смета дека токму таа способност длабоко да ги чувствува нештата ѝ помага најмногу во актерската кариера и во животот.


