Марко Маринковиќ - Слаткар / Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Се огласи Слаткар со говор по „хајката“ за документарецот: Не можат да ве убедат!

По негативните критики за докментарниот филм „Слушни ме“, Слаткаристика се огласи со говор и ја раскажа својата приказна.

Говорот го даде вчера пред присутните за време на доделување на наградите „Лазаров“ и го искористи моментот на сцената за да испрати порака на поддршка до сите оние кои се борат за своето место под сонцето. Говорот го објави пејачката Тамара Волческа, а Слаткар го сподели.

„Не можат да ве убедат дека местото за кое сте гинеле со години, не го заслужувате. Но, вашиот талент е вашиот дар. Упорноста и храброста е вашата сила која ќе ве одведе на тоа место што го заслужувате“, рекол Марко Маринковиќ-Слаткар.

Проектот кој крена прашина во јавноста е документарниот филм со наслов „Слушни ме!“, во режија на Радован Петровиќ. Иако првично во јавноста се стекна впечаток дека станува збор за класичен биографски филм за Слаткар, филмот е замислен преку животот и искуствата на Слаткаристика да ја отвори исклучително важната тема за лицата со говорни и комуникациски потешкотии, како и за нивното место, борба и прифаќање во современото општество.

„Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.
Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари. Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене.

И искрено сум благодарен на Комисијата од Агенцијата за филм која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби. Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм.

Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен.

И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат. Светот ќе го чуе гласот на најтивките. Се гледаме на премиера“, напиша Слаткар октажувајќи се од парите.


Агенцијата за филм за биографскиот музички документарец на режисерот Радован Петровиќ и „ОХО продукција“ за проектот додели 1,5 милиони денари (24.000 евра) на Конкурсот на Агенцијата за филм.

Јавна поддршка му даде и сопругата, Сања Николиќ.

Поддршката за документарецот за Слаткаристика отвори дебата за критериумите во културата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот