ВИДЕО | Сара Јо не ја допеа „Ако утре ме нема“: Со солзи на сцена во Скопје му порача на Панчо дека засекогаш ќе го сака
Емоциите ја надвладеаја српската пејачка Сара Јо на настапот во Скопје, кога се обиде да ја отпее песната „Ако утре ме нема“ од „ДНК“, посветена на нејзиниот близок пријател, Владимир Блажев – Панчо.
Препорачано
Сара Јо вчеравечер настапи во познат скопски клуб и приреди одличен концерт, но моментот што ќе остане врежан во сеќавањето на сите присутни беше токму овој, кога музиката „замолкна“, а солзите зборуваа повеќе од зборовите.
@macedonian_girl_19 #sarajo #live #intermezzomusicbar #skopje #akoutremenema ♬ original sound – ☆MACEDONIAN GIRL☆
Пред концертот, таа најави дека ќе пее за Панчо, со кого ја поврзуваше силно пријателство и напиша дека засекогаш ќе ѝ недостасува. На социјалните мрежи сподели и видео од пробата, на кое со многу емоции ја пее песната на „ДНК“, поради што публиката со нетрпение го очекуваше тој момент.
View this post on Instagram
„Знам дека нè гледаш и дека си горд на нас. Ќе те сакам засекогаш“, рече Сара пред да започне да пее.
@macedonian_girl_19 #sarajo #live #intermezzomusicbar #skopje #akoutremenema ♬ original sound – ☆MACEDONIAN GIRL☆
Но, штом започнаа првите стихови, таа се „скрши“ пред публиката. Пееше и плачеше, а во еден момент запре, не можејќи да ја допее песната.
Владимир Блажев – Панчо почина по седуммесечна борба, како последица од тешките повреди здобиени во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што стана 63-та жртва на оваа голема трагедија што ја потресе Македонија.
Нешто повеќе од два месеци по неговата смрт, неговата пријателка од Србија, Сара Јо, преку музиката се обиде да му оддаде почит со песна која за многумина засекогаш ќе биде поврзана со немилиот настан.
Настапот заврши со долготраен аплауз и силни емоции, а видеата од овој момент брзо се проширија на социјалните мрежи, каде публиката ѝ испрати поддршка и љубов на пејачката.


