Зендаја и Роберт Патинсон - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Роберт Патинсон за соработката со Зендаја: „Фантастична е, вакво искуство нема во ниту една професија“

Роберт Патинсон и Зендаја досега соработуваа на три филма, а актерот не крие дека навистина уживал работејќи со неа. Во интервју за „ЏиКју“, Патинсон отворено зборуваше за нивната соработка.

„Таа е одлична. Навистина многу ми се допаѓа. И да, неверојатна е во филмот „The Drama“ како и во сè што прави“, изјави тој.

Првиот од трите филма во кои заедно ќе се појават оваа година е токму „The Drama“, каде што глумат среќно верен пар чија врска е ставена на сериозен тест откако неочекувано откритие ќе ја наруши неделата пред нивната свадба.

По овој филм, Патинсон и Зендаја ќе ги видиме и во филмот на Кристофер Нолан „Одисеја“. Патинсон го толкува ликот Антиној, еден од додворувачите на Пенелопа, додека Одисеј е далеку од Итака поради Тројанската војна.

Зендаја пак ќе ја игра Атина, грчката божица на мудроста и војувањето.

„Не сум видел што точно направила во „Одисеја“. Ги видов само нејзините фотографии и кратко се сретнавме на снимањето“, откри Патинсон.

По „Одисеја“, следува и „Dune: Part Three“, нивниот трет и последен заеднички проект, кој треба да излезе во 2026 година. Во филмот, Зендаја повторно ја игра Чани, љубовниот интерес на ликот на Тимоти Шаламе. Филмот е базиран на романот „Dune Messiah“ од Френк Херберт, а улогата на Патинсон сè уште официјално не е потврдена.

„Вакви работи никогаш нема да ги доживеете во ниту една друга професија. Сум искусил нешта што речиси никој во историјата не ги доживеал и веројатно никогаш нема. Тоа е апсолутно неверојатно. Снимањето во пустина е чудно, но и магично. Се сеќавам на една сцена со Зендаја – беше навистина многу забавно“, раскажа актерот.

Филмот „The Drama“ во кината пристигнува на 3 април, „Одисеја“ на 17 јуни, додека „Dune: Part Three“ публиката ќе може да го гледа од 18 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот