ВИДЕО | Рецепт за мафини со малини, идеални за велигденски пост

Фото: Flickr

Мафините се популарно слатко печиво, а најчесто се прават со овошје, чоколадо, со пудинг… Денес постојат и солени верзии кои се подеднакво вкусни како и слатките, а изборот на состојки кои се користат е бесконечен. Ако се придржувате на велигденскиот пост, тогаш направете тесто без јајца, млеко и путер и испечете воздушни и меки мафини кои ќе ви се допаднат на првиот залак. А, за уште подобар вкус додадете малини или кое било друго овошје по желба.

Состојки:

– 100 грама шеќер
– 60 милилитри вода
– 60 милилитри масло
– 1 лажица екстракт од ванила
– 140 грама брашно
– 1,5 лажички прашок за печиво
– 140 грама малини

Подготовка:

Во сад измешајте ги шеќерот, водата, маслото и ванилата. Добро измешајте, па додадете го просеаното брашно со прашокот за печиво. Мешајте со жица за матење додека не се соединат состојките (не претерувајте со мешањето). Потоа, калапот за мафини обложете го со хартиени калапчиња, па сипете малку смеса, додадете малини, па уште малку смеса. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.

Напомена: Малините пред употреба прво одмрзнете ги и добро исцедете ги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот