ВИДЕО: Рафа Надал ја запиша 70 победа на мастерсот во Рим

Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на мастерсот во Рим, откако го совлада Зизу Бергс со 2:1, по сетови 4:6, 6:3, 6:4.

Мечот траеше два часа и 47 минути, еднаш беше прекинат бидејќи на некој од трибините му се слоши, а Надал успеа да се извлече и да побегне од прагот на елиминација. Ова беше јубилејна 70 победа на Надал во Рим, каде што освои 10 титули.

Во првиот сет Надал поведе со 3:1, но потоа Белгиецот направи брејк и брзо израмни на 3:3. Пресуден беше деветтиот гем во кој Зизу направи брејк и потоа со свој сервис го реши сетот во своја корист.

Во вториот сет Рафа уште на стартот стигна до 2:0, Бергс подоцна не искористи две брејк можности, додека Надал првата сет-топка ја претвори во израмнување во сетови.

Во третиот сет Надал стигна до брејк во третиот гем и таа предност ја одржуваше до крајот. Во следното коло Надал го чека Хуберт Хуркач, седмиот носител на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот