Чоколадо КитКат - Фото: EPA / NEIL HALL

ВИДЕО | Проверете дали вашето чоколадо е украдено – „Нестле“ воведе алатка за откривање на украдените „КитКат“

Компанијата „Нестле“ потврди дека вовеле онлајн алатка за проверка на сериските броеви на чоколадите КитКат, откако беа украдени повеќе од 12 тони од овој производ наменет за европскиот пазар, пренесува „Уса тудеј“.

Кражбата се случила кон крајот на март, кога камион што превезувал околу 414.000 чоколади бил ограбен по напуштањето на производствен погон во централна Италија. Пратката била наменета за дистрибуција низ Европа, со крајна дестинација Полска.

Со цел да се утврди дали одреден производ припаѓа на украдената пратка, потрошувачите можат да ја користат специјалната алатка на интернет. Потребно е да се внесе осумцифрениот код од серијата, кој се наоѓа на задната страна од пакувањето.

По внесувањето, системот веднаш покажува дали чоколадото е дел од украдената количина. Доколку не е, корисниците се повикуваат да ја споделат алатката и да помогнат во проширување на потрагата.

Компанијата соопшти дека оваа иницијатива не е шега, иако беше објавена на 1 април.

„Некој навистина украде 12 тони КитКат чоколади и навистина сакаме да дознаеме каде се“, наведоа од компанијата.

Доколку се внесе код од украдената серија, системот дава јасни инструкции како да се извести компанијата, која потоа ќе ги преземе потребните чекори и ќе ги сподели информациите со надлежните институции. Од Нестле дополнително објаснија дека украдените производи не се стандардните чоколади, туку нова серија во форма на болид од Формула 1.

Камионот и неговата содржина сè уште не се пронајдени, а истрагата продолжува во соработка со локалните власти и партнерите во синџирот на снабдување.

 

Крадци украле камион со дванаесет тони „КитКат“ наменети за повеќе пазари низ Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот