Крадци украле камион со дванаесет тони „КитКат“ наменети за повеќе пазари низ Европа
Дванаесет тони од познатиот бренд за чоколадни слатки „КитКат“ исчезнаа во Европа минатата недела откако крадци го украле камионот што ги превезувал, соопшти денеска швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“, пренесува Си-Би-Ес Њуз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од „КитКат“ велат дека камионот со 413.793 чоколадни плочки од нивната нова линија тргнал од централна Италија за да ги дистрибуира чоколадите низ Европа, но никогаш не стигнал до својата крајна дестинација во Полска. Возилото и товарот сè уште не се пронајдени. „Нестле“ не откри точно каде исчезнал камионот.
Во посебно соопштение, „КитКат“ објави дека исчезнатите плочки можат да се следат преку уникатен сериски код. Секој што ќе ги скенира кодовите на украденото чоколадо ќе добие инструкции како да стапи во контакт со „КитКат“.
„Иако го цениме исклучителниот вкус на криминалците, останува фактот дека кражбата на товар е сè поголем проблем за бизнисите од сите големини“, соопшти „КитКат“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
40мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


