ВИДЕО: Повторно имаме Македонец во Бундеслигата, Штутгарт обезбеди опстанок

дарко чурлинов
Дарко Чурлинов е на позајмица во Шалке од Штутгарт/Фото: twitter.com/s04/FC Schalke 04

Денеска и официјално заврши сезоната во најсилното германско првенство, Ерлинг Халанд го имаше последниот настап за Борусија Дортмунд, Штутгарт остана во елитата, а Лајпциг обезбеди место во Лигата на шампионите.

Ерлинг Халанд, моментно еден од најдобрите фудбалери на светот пред своите навивачи го имаше последниот натпревар во дресот на „милионерите“. Потсетување дека Норвежанецот од следната сезона ќе ги брани боите на Манчестер сити.

Дортмунд во дуелот со Келн по првиот дел имаше негатива, гостите водеа со голот на Белфодил од 18 минута од пенал. Халанд возврати на ист начин во 68 минута, а конечниот епилог го постави Мукоко по асистенцијата на Белингем во 84 минута.

Овој пораз на Херта Берлин значи дека ќе игра бараж за опстанок против третопласираниот од втората Бундеслига. Овој нивни пораз го искористи Штутгарт кој со 2:1 триумфираше над Келн и така си обезбеди опстанок во Бундеслигата.

Инаку Штутгарт е клубот на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој цела сезона ја играше на позајмица во Шалке. А нашиот играч имаше значаен придонес за клубот од Гелзенкирхен се врати во Бундеслигата.

Задоволството е двојно, бидејќи во Бундеслигата, една од Топ 5 европските лиги повторно ќе имаме Македонец. Како што и досега се најавуваше, поголеми се шансите Чурлинов следната сезона да го гледаме во Шалке.

Бундеслига, 34. последно коло

Сабота, резултати –

Арминија Билефилд – Лајпциг 1:1
Аугсбург – Гројтер Фурт 2:1
Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 5:1
Баер Леверкузен – Фрајбург 2:1
Борусија Дортмунд – Херта Берлин 2:1
Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт 2:2
Штутгарт – Келн 2:1
Унион Берлин – Бохум 3:2
Волфсбург – Баерн Минхен 2:2

На конечната табела шампионот Баерн Минхен освои 77 бодови, и заедно со Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг следната сезона ќе играат во групите на ЛШ.

На петтата, односно шестата позиција се најдоа Унион Берлин и Фрајбург кои ќе играат во групите на Лига Европа, а седмопласираниот Келн ова лето ќе настапува во квалификациите на Лигата на конференции.

Видео на денот