ВИДЕО | По ревијата на „Келвин Клајн“ на модната недела во Њујорк, ќерката на Никол Кидман е мета на сурови коментари
Сандеј Роуз прошета на модната писта во Њујорк, но на социјалните мрежи воопшто не ја поштедија.
Откако интернетот беше преплавен од коментари за одењето на Емили Ратајковски на ревијата на „Гучи“, вниманието овој пат е насочено на Сандеј Роуз Кидман Урбан, ќерката на Никол Кидман и музичарот Кит Урбан. Како што не ја штедеа Емили, така не ја поштедија ниту 17-годишната Сандеј, која допрва го започнува својот пат во модниот свет.
Препорачано
Сандеј Роуз се појави на пистата на Модната недела во Њујорк, на ревијата на „Келвин Клајн“. Носеше предимензиониран беж мантил со големи кафеави кожени ревери, закопчана кошула и лежерни кафеави кожени чизми. Комбинацијата ја заокружи со бели ракавици и кафеава чанта.
Гордата Никол, сподели видео од пистата со опис:
„Њујорк бејби“ Иако е дете на славни родители во Холивуд, не помина многу време пред да почнат прозивките дека Сандеј чекори по пистата благодарение на презимето, а не на талентот.
Коментарите претежно беа брутални, а дел од корисниците пишуваа:
„Се сомневам дека би добила ангажмани да не ѝ беше семејството“, „Ја сакам Никол, ама Сандеј изгледа чудно како модел“, „Дали тргнала до продавница па случајно излегла на писта?“, „Сите тие ги добиваат овие работи поради ’природен талент’ …“
Сепак, Сандеј е на самиот почеток. Освен за „Калвин Клајн“, таа веќе прошета и за „Миу Миу“ за колекцијата пролет/лето 2025, а се појави и во кампањи за брендот, како и за „Омега“.


