ВИДЕО: „Петарда“ во мрежата на Ватфорд, Мане испиша историја во Премиер лигата

Садио Мане би можел наскоро да го напушти Ливерпул/Фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Денеска во осмото коло од Премиер лигата составот на Ливерпул со 0:5 триумфираше на гостувањето кај Ватфорд.

Мане во деветтата минута ја започна гол серијата на „црвените“, и со тој погодок Сенегалецот влезе во клубот на играчи кои постигнаа 100 или повеќе голови во Премиер лигата.

За Мане ова е јубилеен 100 гол во елитното натпреварување, а воедно му беше и шест на 10 мечеви во сите натпреварувања од стартот на сезоната. Покрај тоа одличниот напаѓач стана и третиот африкански фудбалер кој ја надмина границата од 100 голови во лигата.

Пред него тоа им успеа на интернационалецот од Брегот на Слоновата коска Дидие Дрогба од Челси кој на 254 натпревари постигна 104 голови и соиграчот на Мане, Египќанецот Мохамед Салах кој на 165 мечеви вкупно 103 пати се запиша во листата на стрелците.

На денешната средба Фирмино запиша хет-трик со голови во 37, 52 и 91 минута, а во 54 минута во мрежата на Фостер стрелаше и Салах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот