ВИДЕО | Петар Грашо: Се изморив од пеење, им реков на луѓето дека нема да дојдат до мене
Петар Грашо искрено раскажа дека во еден период од кариерата се повлекол, немал настапи и не се појавувал во јавност. Во емисијата „Еден на Еден“, во вториот дел кој ќе се емитува в недела од 18.30 на Канал 5, хравтскиот кантавтор рече дека нема класичен менаџер туку неколку соработници, а спие мирно кој тој самиот ги држи работите под контрола.
– Во 2006 година се заморив, јас бев десет години на пат. Имав 30 години, а веќе 11 години свирев. Се почувствував изморено, а бев момче. Свикав прес конференција и реков: ‘Од денес, до понатаму, нема да дојдете до мене. Нема интервјуа и нема концерти’. И јас пет години бев во својот ресторан, патував, пишував песни, не свирев. Зошто? Зашто веќе не можев. Во оној момент кога човек ќе излезе на сцена, а и гледа луѓе кои го сакаат, кои се смеат, кои платиле билет за него, а тој гледа на часовникот и едвај чека да заврши. Кога сфатив дека тоа ми се случи, реков дека тоа луѓето не го заслужуваат, ниту јас го заслужувам – рече Грашо кој на сцената се вратил во 2011 кога пеел на етно албум кој го работл со Тончи Хуљиќ и со Горан Бреговиќ.
Хрватскиот шармер ќе пее во Скопје на 26, на 27 и на 29 април, а на 30 во Струмица.
Во видеото подолу погледнете дел од приказните на Грашо кои ќе ги гледаме недела во „Еден на Еден“.
(Комерцијален текст)