ВИДЕО | „Пар што се смее заедно, останува заедно“: Лијам Нисон ја бакнува Памела Андерсон во новото видео за „Голиот пиштол“
Актерите Лијам Нисон и Памела Андерсон се појавуваат во ново симпатично промо-видео за нивниот заеднички филм „Голиот пиштол“ (The Naked Gun), пренесува „Пипл“.
Препорачано
На официјалниот инстаграм-профил на филмот и продукциската куќа „Парамаунт пикчрс“ беше објавено кратко видео со наслов: „Пар што се смее заедно, останува заедно“. На снимката се гледаат Нисон и Андерсон во киносала, како заедно јадат пуканки.
Но, не станува збор само за пуканки – Нисон ѝ става зрно пуканка во уста на Андерсон, таа му враќа со едно зрно фрлено кон него, а тој ја бакнува нежно во глава.
Под видеото стои натписот: „Пар што се смее заедно, останува заедно. Понеси плус еден да го гледаш ‘Голиот пиштол’ во кино“.
Според извор за магазинот „Пипл“, 73-годишниот Нисон и 58-годишната Андерсон се во „почетна фаза“ на романтична врска.
„Сериозно е и јасно е дека се многу привлечени еден кон друг“, откри изворот.
Во филмот „Голиот пиштол“, Андерсон ја игра Бет, а Нисон го толкува ликот на Френк. Двајцата активно го промовираат оваа криминалистија пародија, а според „Пипл“, уживаат во заедничкото дружење. Често разменуваат нежни бакнежи на црвениот тепих, а неодамна се бакнаа и додека Андерсон му нанесуваше кармин од нејзиниот бренд „Сонси“, за време на гостување во шоуто „Watch What Happens Live“ со Енди Коен.
Промо-видеото не е првиот пат кога Андерсон и Нисон го гледале филмот заедно. Во јули, Андерсон откри во емисијата на Сет Мајерс дека веќе еднаш го гледале „во празно кино – само со Лијам“.


