Оливија Вајлд - Фото: Икс / AmericanPapaBear™

ВИДЕО | Оливија Вајлд во фокусот по појавувањето во Сан Франциско – реакциите за нејзиниот изглед не стивнуваат

Холивудската актерка Оливија Вајлд предизвика лавина од коментари по нејзиното последно појавување на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Франциско. Видеата од нејзиниот говор за новиот филм „The Invite“ станаа вирални на социјалните мрежи бидејќи изгледа екстремно слабо.

Актерката, која отсекогаш важела за една од најубавите жени со природна убавина, овојпат ги загрижи фановите. Облечена во долго, широко здолниште и мала бела маичка, Вајлд изгледаше видно послаба од претходно, со нагласени црти на лицето и слаби раце.

Трендот „Оземпик“ или природно стареење?

На социјалната мрежа Икс веднаш почнаа теориите за тоа што се случило со актерката. Додека голем дел од корисниците се сомневаат дека и Оливија подлегнала на опасниот холивудски тренд на слабеење со помош на лекови за дијабетес, други сметаат дека станува збор за природниот процес на стареење и лоша шминка.

„Ова се само годините, а не Оземпик“, „Оземпик ги уништува жените“, беа дел од коментарите.

Вајлд со години е позната по својата посветеност на здравиот начин на живот. Таа често споделуваше дека избегнува преработена храна и дека е редовна во студиото на славната Трејси Андерсон. За нејзините претходни улоги, како онаа во „Tron: Legacy“, актерката тренираше дури пет пати неделно со комбинација на кардио и боречки вештини.

Сепак, нејзиното последно појавување ја подели јавноста меѓу восхит за нејзината дисциплина и страв за нејзиното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот