Документарец за Диди - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Објавен трејлерот за документарецот за Диди: Содржи снимки направени само шест дена пред неговото апсење

Објавен е трејлерот за документарниот филм за Шон Комбс – Диди, кој открива досега невидени снимки направени само неколку дена пред неговото апсење, вклучително и негов конфликт со адвокат.

Првиот увид во документарецот „Sean Combs: The Reckoning“ беше објавен на 1 декември, а во него се прикажуваат сцени од хотелска соба во Њујорк, снимени шест дена пред апсењето на 10 септември 2024 година.

На видеото Комбс изгледа нервозно, фрустрирано и очајно додека телефонски разговара со својот адвокат, удира со коленото и вика дека ја губат битката.

Во трејлерот има и сцена во која Диди ги убедува адвокатите да ангажираат „некого што работел со највалканите работи“, што уште повеќе го нагласува очајот кој го чувствувал во деновите пред апсењето.

Како потсетување, недолго по овие снимки Комбс беше уапсен и обвинет за организирање транспорт со цел проституција, заговор во рамки на криминална организација и трговија со луѓе. По осумнеделното судење што заврши во јули 2025 година, тој беше ослободен од најтешките обвиненија, но прогласен за виновен по две точки поврзани со транспорт со цел проституција. Во моментов издржува казна од 50 месеци во федерален затвор во Њу Џерси.

Документарната серија во продукција на Фифти Сент брои четири епизоди и содржи ексклузивни снимки, интервјуа со поротници од неговото судење, како и сведочења на поранешни соработници. Проектот е осмислен како поддршка за преживеаните жртви на сексуално насилство.

Премиерата е закажана за денеска, вторник, 2 декември 2025 година, на Нетфликс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот