ВИДЕО | Нов рекорд на Ферстапен: Во Мексико ја оствари 16 победа сезонава во Формула 1

Макс Ферстапен, возачот на „Ред Бул“/фото: EPA-EFE/Jose Mendez

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико и ја постигна рекордната 16 победа во сезоната. Трикратниот последователен светски шампион, Холанѓанецот Ферстапен ја постигна 51 победа во кариерата и така се израмни со легендарниот француски возач Алан Прост.

Ферстапен одлично ја започна трката, на стартот го престигна Шарл Леклер од „Ферари“ кој беше на пол-позицијата и без поголеми проблеми ја оствари петтата победа во Мексико.

Второто место го зазеде седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од „Мерцедес“, кој освои и бод за најбрз круг на трката, а трет беше Леклер.

Во 35 круг трката беше во прекин околу 20 минути, откако возачот на „Хас“ Кевин Магнусен излета од патеката. Серхио Перез исто така не ја заврши трката, стартуваше од четвртата позиција и веднаш го нападна врвот, дојде до контакт со Леклер, па заврши надвор од патеката, а возачот на „Ферари“ продолжи без поголеми последици. И Мексиканецот успеа да се врати на патеката, но во првата прилика влезе во „боксот“ и мораше да се откаже на домашната трка.

Четвртопласиран заврши Карлос Саинц од „Ферари“, петти Ландо Норис од „Мекларен“, а шести Џорџ Расел од „Мерцедес“. Седмото место го освои возачот на „Алфа Таури“, Даниел Рикиардо, осми Оскар Пјастри од „Мекларен“, деветти Александар Албон од „Вилијамс“, а на 10 место се надје Естебан Окон од „Алпин“.

На табелата Ферстапен на врвот има 491 поен, пред Перез со 240 и Хамилтон кој има 220. Следната трка ќе се вози на 5 ноември во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот