ВИДЕО | Ништо не е невозможно: Нема ни раце ни нозе, но тој е неверојатен шминкер

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ги освои сите симпатии на луѓето на социјалните мрежи! Овој млад човек кој секогаш има насмевка на лицето е вистински пример дека ништо не е невозможно!

Гејб Адамс-Витли е роден во Сао Паоло со Ханхарт синдром, ретка генетска состојба која често се карактеризира со недостаток на екстремитети. Тоа што нема раце не му претставува пречка да го работи тоа што го сака!

Адамс снима видеа во кои се шминка користејќи различни техники. Тој воопшто не очекувал дека неговите снимки ќе станат исклучително популарни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabe Adams-Wheatley (@no_limbs_)


Гејб продолжил да објавува содржини за шминкање, кои жените ја обожуваат, покажувајќи како тој создава различни мејкап стилови на своето лице. Секое видео ги остава луѓето без зборови и сите се прашуваат како е тоа возможно!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabe Adams-Wheatley (@no_limbs_)


Овој неверојатен шминкер бил посвоен од едно американско семејство кога бил мал, сега живее со својата сопруга и има два милиони следбеници, а неговите видеа се лајкувани повеќе од 60 милиони пати.

„Дури кога се снимав на тој начин што беше очигледно дека немам раце и нозе и што всушност правам за да се нашминкам, луѓето на интернет ме забележаа, од тоа видео започна сè“, изјави Гејб.

Тој истакна дека му било многу тешко кога бил дете да се прифати себеси и својот изглед . Но, од друга страна, додава дека се што се случило многу му помогнало конечно да се засака и да ја стекне потребната самодоверба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabe Adams-Wheatley (@no_limbs_)


„Кога бев помлад тешко го прифаќав својот физички изглед, иако бев свесен дека тоа е нешто што не можам да го променам. Но, чувствувам дека единственото нешто што можам да го променам е како се чувствувам внатре. Кога почнав да се шминкам, тоа ми донесе нова доза на самодоверба, го променив начинот на кој се држам, начинот на кој се гледам себеси и размислувам за себе. Навистина ми помогна да разбудам многу повеќе верба во себе отколку што имав пред неколку години“, искрено раскажа овој млад човек.

На почетокот неговите родители не го разбирале што прави

„На почетокот моите родители ми велеа дека момчињата и мажите не се шминкаат, но јас мислев дека тоа не е вистина и дека секој маж и момче на телевизија, всушност, е нашминкан“, вели Гејб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabe Adams-Wheatley (@no_limbs_)


Само еден од низата позитивни коментари:

„Ти си прекрасен! Навистина си пример дека се е можно. Не можам да опишам колку те почитувам. Ти се восхитувам. Се надевам дека ќе продолжиш да објавуваш видеа, бидејќи се многу инспиративни и интересни“, му напишала една девојка.

И многумина заклучија дека Гејб е многу повешт во шминкањето без раце отколку некој друг со двете раце.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот