ВИДЕО: Некогашен ривал на Тајсон нокаутирал муштерија во лондонски паб

Џулиус Френсис (57), кој сега работи како обезбедување на лондонскиот паб Бокспарк, Вембли, покажа дека е во добра форма
Поранешниот ривал на Мајк Тајсон од боксерскиот ринг, Џулиус Френсис (57), кој сега работи како обезбедување на лондонскиот паб Бокспарк, Вембли, покажа дека е во добра форма, откако нокаутира еден од гостите, кој предизвикуваше проблеми.
Проблематичниот гостин кој ги навредувал гостите и вработените во пабот бил избркан надвор по што налетал на тупаницата на Френсиси, кој не е активен во боксот од 2007 година, но изгледа се уште е во форма.
……. pic.twitter.com/92kmGmtiBx
— Glory Glory (@gloryglorytott) June 13, 2022
Френсис е поранешен шампион на Велика Британија во бокс, а со Тајсон боксувал во 2000 година.
Видео на денот