Кијану Ривс, Александра Грант - Фото: Јутјуб/Принтскрин

ВИДЕО | Навредите за нејзиниот изглед не ги допираат – Кијану Ривс и Александра Грант не ги криеја емоциите на „Мока гала 2026“ во Лос Анџелес

Холивудскиот актер Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант привлекоа огромно внимание на свечената Гала-вечер „MOCA Gala 2026“ одржана во Лос Анџелес. Долгогодишните партнери се појавија гушнати и видно расположени на црвениот тепих, со што уште еднаш потврдија дека нивната врска е поцврста од кога било и покрај критиките на дел од јавноста за нејзиниот изглед.

За оваа свечена пригода, актерот избра класичен тегет костум со пругава вратоврска, додека 53-годишната уметница заблеска во сатенска комбинација. Својот препознатлив стил Александра го надополни со впечатлив накит.

Иако важат за еден од најомилените парови во Холивуд, Кијану и Александра го држат својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. Иако нивната романса официјално беше потврдена во 2019 година на настанот „LACMA Art + Film Gala“, нивната поврзаност почнала многу порано. За првпат беа фотографирани заедно уште во 2016 година, а блиски пријатели подоцна открија дека парот со години бил во тајна врска пред конечно да излезе во јавност.

Денес тие живеат заедно во Лос Анџелес, поточно во луксузната куќа на Ривс лоцирана во познатиот кварт Холивуд Хилс.

Во последните неколку месеци во медиумите кружеа гласини дека парот тајно се венчал за време на нивниот престој во Европа, но двајцата низ насмевка ги демантираа овие шпекулации. Инаку, Александра Грант е многу успешна визуелна уметница, позната по својата мултидисциплинарна работа која вклучува сликарство, вајарство и уметнички инсталации, а со Кијану соработуваше и на неколку заеднички книжевни проекти.

Иако Ривс ретко зборува за љубовниот живот, во едно неодамнешно интервју за магазинот „People“ откри еден од своите омилени моменти со неа:

„Пред неколку дена бев со мојата сакана. Лежевме во кревет, поврзани. Се смеевме, се забавувавме и се чувствувавме прекрасно. Беше едноставно преубаво што сме заедно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот