ВИДЕО: Најубавиот гол, „цепелин“ на релација Кузмановски – Лазаров!

Фото: EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany/POOL

Ја остваривме целта со победата над Чиле и пласманот во вториот круг помеѓу 24 најдобри репрезентации на Светското првенство во Египет.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со осум голови беше прв стрелец и веднаш после натпреварот беше прогласен за најдобар играч.

Токму пред самиот крај на средбата го имавме дефинитивно и најубавиот погодок, односно „цепелинот“ кој го реализираа Филип Кузмановски и Лазаров.

Воедно нашиот десен бек прослави два јубилеја, одигрувајќи го 40 натпревар на Мундијалите и со постигнати 300 голови на ваквите натпреварувања.

Како што е веќе познато во вториот круг ќе имаме уште три натпревари, против селекциите на Русија, Белорусија и Словенија.

СП: Целта е остварена, Македонија забележа победа против Чиле!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот