ВИДЕО | На денешен ден се родил Федерико Фелини: Еве кои се неговите 10 омилени филмови

Федерико Фелини/Facebook
Федерико Фелини/Facebook

Неговата богата кариера траела скоро 50 години, а Фелини изградил репутација како некој кој на единствен начин умее да ги спои фантазијата, социјалните теми и природата на човекот. Имал својствен пристап и сакал контроверзни наративи. Неговиот филм „Амаркорд“ од 1973 стана симбол на „фелиниевскиот пристап“ кон животот, кадарот во филмот и сценичноста, воопшто.

Филмовите на Фелини како што се „8 ½“, „La Dolce Vita“, „Nights of Cabiria“, „Juliet of the Spirits“ и „Fellini Satyricon“ му донеле 12 номинации за Оскар и нова фраза во филмската естетика „фелинијевски“.

„Кога ќе почнам филм, имам пред себе сценарио, но го менувам секој ден. Во него додавам она што ќе ѝ се случи на мојата имагинација тој ден. Тргнуваш на пат, знаеш каде ќе стигнеш, но не и што ќе се случи во меѓувреме. Сакаш да се изненадиш“ рекол тој.

Кога барал инспирација за различни форми на уметничко остварување, Фелини секогаш многу искрено зборувал за тоа кој филм на друг режисер му помогнал во тоа. Еднаш бил запрашан да избере кои филмови тој ги смета за најдобри во историјата. Го направил тоа многу лесно, покажувајќи дека ги сака Куросава, Хичкок, Кјубрик и други.

Така настанала листата на омилени филмови на ФедерикоФелини.

1. „The Circus“ од 1928 / „City Lights“ од 1931 / „Monsieur Verdoux“ од 1947 – Чарли Чаплин

2. Било кој филм за браќата Маркс или Станлио и Олио

3. „Stagecoach“ од 1939 – Џон Форд

4. „Rashomon“ од 1950 – Акира Куросава

5. „The Discreet Charm of the Bourgeoisie“ од 1972 – Луис Бунел

6. „2001: A Space Odyssey“ од 1968 – Стенли Кјубрик

7. „Paisan“ од 1946 – Роберто Роселини

8. „The Birds“ од 1963 – Алфред Хичкок

9. „Wild Strawberries“ од 1957 – Ингмар Бергман

10. „8½“ од 1963 – Федерико Фелини

Федерико Фелини починал на 31 октомври 1993 година.

Видео на денот