Мили Боби Браун - Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

ВИДЕО | Мили Боби Браун го промени името по бракот: Ноа Шнап не може да го изговори правилно!

Мили Боби Браун ги насмеа своите обожаватели и го збуни својот колега од „Stranger Things“, по откривањето дека го променила името. Пред излегувањето на последната сезона на хит серијата на Нетфликс, дел од актерската екипа учествуваше во опуштено интервју за VT, а една неочекувана сцена од разговорот веднаш стана вирална на социјалните мрежи, пренесува „Дејли мејл“.

Мили беше во пар со Ноа Шнап, кој доби едноставен предизвик – да го каже нејзиното целосно име. Сепак, тоа не му одише од рака.

При првото погрешно обидување на Ноа – „Мили Бони Браун“ (Millie Bonnie Brown) – Мили со насмевка одговори: „Да, па сега…“, aлудирајќи на бракот со Џејк Бонџови минатата година. Следеше низа забавни обиди во кои Ноа упорно изговараше погрешни верзии, како „Мили Бони Браун Бонџови“ (Millie Bonnie Brown Bongiovi) или „Мили Бони Боби Браун“ (Millie Bonnie Bobby Brown).

Потоа Мили откри дека во нејзиното име веќе не се наоѓа презимето Brown, туку сега се вика „Мили Бони Бонџови“ (Millie Bonnie Bongiovi), што гледачите го нарекоа вистински јазичен предизвик.

На социјалните мрежи веднаш се појавија коментари како: „Обидете се да го кажете тоа пет пати брзо“ и „Ова е чист tongue twister“, додека обожавателите уживаа во забавната интеракција меѓу двајцата актери.

И покрај хуморот, Мили во последниве денови имаше и сериозни теми во медиумите – особено по извештаите дека наводно го обвинила колегата Дејвид Харбор за „малтретирање“ на сетот.

Во разговор за „The Hollywood Reporter“, таа објасни колку е важно да се одржи единство во тимот, без оглед на сензационалистичките наслови:

„Тоа го правиме веќе 10 години. Секогаш сме биле обединети. Го сакаме ова шоу со цело срце, а нашето пријателство го цениме повеќе од сè“, рече таа.

Особено нагласи колку и значело да работи повторно со Харбор:

„Беше носталгично, ме потсети на втората и третата сезона – Елевен расте и се обидува да го најде својот глас, а Хопер се обидува да биде родител. Таа динамика се враќа и едвај чекам луѓето да го видат тоа“, заклучи актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот