ВИДЕО: Милан е последниот осминафиналист во ЛШ, Макаби Хаифа не ја искористи „услугата“ од ПСЖ

„Росонерите“ славеа голема победа над Салцбург за нокаут-фаза во ЛШ/фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Сега и официјално ги дознавме сите учесници во нокаут-фазата во фудбалската Лига на шампионите, а последен кој обезбеди „билет“ е екипата на Милан.

„Росонерите“ можеа и со бод да го обезбедат второто место во групата „Е“, но пред своите навивачи на „Сан Сиро“ убедливо го совладаа директниот конкурент Салцбург со 4:0. Во триумфот на Италијанците Жиру двапати се запиша во листата на стрелците, а по еднаш Круниќ и Месијас.

Овој пораз на Австријците му беше потребен на Динамо Загреб, но „модрите“ не успеаја да дојдат до триумф над Челси во Лондон. „Сините“ не дозволија изненадување и славеа со 2:1. Хрватите добро започнаа со водство од седмата минута преку Петковиќ, но премиерлигашот направи пресврт со погодоците на Стерлинг во 18 и Закарија во 30 минута.

За гостите стартери беа двајцата македонски репрезентативци Аријан Адеми (настапи до 83 минута) и Стефан Ристовски (настапи до 70 минута). Заврши европскиот пат за Динамо, а Салцбург ќе продолжи во Лигата на Европа.

А во второто по квалитет најдобро натпреварување во Европа ќе игра и Јувентус иако беше поразен дома од ПСЖ (1:2). Овој резултат одеше во корист на Макаби Хаифа, но Израелците не го искористија истиот пред своите навивачи и беа декласирани од Бенфика со 1:6. За Макаби Хаифа завршува меѓународниот настап, а Јуве ќе продолжи во ЛЕ како третопласиран од групата „Х“.

Во мечевите од групата „Г“ каде што сè веќе беше познато, Манчестер сити го потврди првото место, пред Дортмунд. „Граѓаните“ со 3:1 ја надиграа Севиља, а „милионерите“ само ремизираа 1:1 со данскиот ФК Копенхаген.

ВИДЕО: Лајпциг слави нокаут-фаза во Варшава, Реал пукна „петарда“ против Селтик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот