ВИДЕО | Мексиканците запленија две пловила со седум тони кокаин, Америка им давала насоки
Мексиканските власти, постапувајќи по разузнавачки информации добиени од САД, заплениле два пловни објекта во источниот дел на Тихиот Океан кои превезувале тони кокаин, објави „Бордер рипорт“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Бродови со дрога беа пресретнати вчера и завчера од морнарицата. Станува збор за речиси седум тони кокаин. Некои од овие пловни објекти се наоѓаа во меѓународни води. Американските агенции со кои сме во комуникација нè информираа, а дејствуваше нашата Морнарица – изјави во четвртокот мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.
Секретарот за јавна безбедност Омар Гарсија Харфуч објави видео и фотографии од акцијата на мексиканските власти при заплената на еден од бродовите што превезувале тони кокаин.
Como parte de la vigilancia permanente que lleva a cabo la Secretaría de Marina en mares mexicanos, en Manzanillo, Colima, personal de la Armada de México @SEMAR_mx interceptaron un semisumergible que transportaba 179 bultos con aproximadamente 4 toneladas de cocaína y… pic.twitter.com/SqFRAGZykD
— Omar H Garcia Harfuch (@OHarfuch) February 19, 2026
Морнаричкиот секретаријат (СЕМАР) подоцна објави фотографии и видео од полупотопно пловило опкружено со мексикански патролни чамци. Од морнарицата соопштија дека заплената се случила на околу 250 наутички милји јужно-југоисточно од пристаништето Манзанилјо, Мексико.
Секретарот за јавна безбедност Харфуч изјави дека „полуподморницата“ превезувала 17 вреќи со вкупно четири тони кокаин, а тројца членови на екипажот се приведени во Мексико.
„Ова претставува директен и мултимилионски удар врз финансиските структури на организираниот криминал, со што се спречува милиони дози да стигнат на улиците и се штитат семејствата“, напиша Харфуч на платформата „Икс“.
Мексиканските власти не дадоа детали за вториот брод со дрога што бил запленет. Сепак, Харфуч изјави дека во изминатата недела во земјата се запленети повеќе од 10 тони кокаин.


