ВИДЕО: Масовни протести во Брисел против ковид мерките

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Брисел за да протестираат против заострените мерки што белгиската влада ги воведе за да се спротивстави на големиот пораст на случаи на коронавирус, пренесува Брисел Тајмс.

Многумина протестираа и против советите да се вакцинираат и евентуалното воведување на задолжителна вакцинација. Демонстрантите носеа огромен транспарент на кој пишуваше „Заедно за слобода“. За време на маршот беа употребени димни бомби и петарди, но немаше конфликт.

Маршот треба да заврши пред седиштето на Европската унија.

Со цел да се спречи четвртиот бран на пандемијата на коронавирусот, белгиските власти во четвртокот донесоа одлука да работат од дома четири дена во неделата.

Во Белгија досега беше на сила само препораката за работа од дома за да се намали преносот на вирусот меѓу вработените. Од вчера стапи на сила обврската за работа од дома каде што е можно.

„Целта на оваа мерка е да се ограничат инфекциите на работното место, како и во јавниот транспорт“, рекоа белгиските власти, повикувајќи на максимално физичко растојание меѓу луѓето и да се ограничат контактите, особено во затворени простории.

Ковид пропусниците, кои се неопходни за влез во белгиските барови, ресторани и настани со повеќе од 50 лица во затворени простории, односно 100 лица на отворено, сега ќе бидат придружени со задолжително носење заштитни маски. На седницата на Консултативната комисија беше донесена одлука за обврска за носење заштитни маски на сите затворени јавни простори и јавниот превоз за сите лица постари од 10 години.

Девет од 10 граѓани се вакцинирани и тоа е причината што повторно не сме во полициски час, изјави премиерот на Белгија, Александар Де Кроа.

Во последната недела, Белгија бележи просечно над 10.000 нови инфекции на дневна основа, што е за речиси 30 проценти повеќе отколку на почетокот на ноември. Над 230 луѓе дневно се примени во болниците, а во просек 26 луѓе умираат секој ден како последица на инфекција со корона вирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот