ВИДЕО: Махачев со нокаут во првата рунда го победи Волкановски и го одбрани шампионскиот појас
Љубителите на боречките вештини имаа можност да уживаат во вистински спектакл, кој се одржа во Абу Даби, во режија на најсилната и најпопуларна светска ММА промоција – УФЦ.
Препорачано
„УФЦ 294“ ни донесе интересни борби, а секако во центарот на вниманието беше новата борба меѓу Ислам Махачев и Алекс Волкановски.
Дуелот на двајцата шампиони, за титулата во „лајтвејт“ категорија, која ја бранеше Дагестанецот, целосно се оправда како „главен настан“.
Махачев ја одбрани титулата УФЦ шампион во лесна категорија откако го совлада Австралиецот со македонско потекло Волкановски со нокаут после три минути и три секунди од првата рунда.
Ова беше втора борба меѓу Махачев и Волкановски во 2023 година. Претходно ги одмерија силите во февруари, кога исто така рускиот борец ја прославуваше победата, што беше мотив повеќе за Волкановски да прифати да влезе во октагонот само 12 дена пред борбата. Откако Чарлс Оливеира го откажа мечот против Махачев поради повреда на тренинг, понудата беше испратена до Волкановски кој се согласил.
MAKHACHEV KNOCKS OUT VOLK IN ONE ROUND #UFC294 pic.twitter.com/pQIuPphgvW
— OOC MMA (@oocmma) October 21, 2023


