ВИДЕО: Ленард и Џорџ ги одржаа Клиперси во живот

epa09266469 LA Clippers forward Kawhi Leonard (R) in action against Utah Jazz forward Royce O'Neale during the fourth quarter of the game 3 of the NBA playoffs between the Utah Jazz and the Los Angeles Clippers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 12 June 2021. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Лос Анџелес клиперс ја совлада Јута џез со 132:106 во полуфиналето во Западната конференција и намалија на 2:1 во победи.
Тандемот Каваи Ленард – Пол Џорџ беше клучен за победата на Клиперси бидејќи Ленард постигна 34, додека Џорџ застана на 31 поен.

Пол Џорџ посебно беше импресивен во втората четвртина кога ЛА Клиперс ја презеде контролата врз натпреварот постигнувајќи 13 поени, а осум беа дел од серијата 13:2 со која неговиот тим дојде до 16 поени предност која не ја испушти до крајот.Ленард блескаше во второто полувреме кога даде 24 од своите 34 поени. Најдобар кај Јута беше Донован Мичел со 30 поени.

 

Видео на денот