ВИДЕО: Лејкерс славеше во дербито со Клиперси, Томпсон го урна Сакраменто во последната секунда

Клеј Томпсон/фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во ноќта зад нас се одиграа голем број НБА натпревари. Видовме продолжување на доминацијата на кошаркарите на Далас во оваа сезона, кој го задржаа максималниот учинок (5:0) по мечот со Чикаго.

Никола Јокиќ и неговите Нагетс разочараа во Минесота, како и Мемфис во Јута (133:109), додека најмногу возбудувања можевме да видиме во Сан Франциско, каде Голден Стејт го победи Сакраменто со 102:101 и во Лос Анџелес, каде Лејкерс по три години и 11 последователни порази ги совлада Клиперс со 130:125. И тоа по продолженија.

Вориорси со поените на Клеј Томпсон во последната секунда донесе победа против Сакраменто.

Што се однесува до дербито во Лос Анџелес. Ниту таму не недостасуваше возбуда. Напротив. Гледавме интересен натпревар, полн со НБА ѕвезди. А, и покрај скратената ротација, на крајот посреќни беа Лејкерси кои се вратија од негатива од 19 поени за прва победа над градскиот ривал по три години.

Леброн Џејмс беше најефикасен во победничкиот тим со 35 поени, Ентони Дејвис и ДиАнџело Расел беа веднаш зад нив со по 27, додека на другата страна Кави Ленард и Пол Џорџ натпреварот го завршија со 38 и 35 поени.

НБА лига, резултати

Детроит – Портланд 101:110
Торонто – Милвоки 130:111
Атланта – Вашингтон 130:121
Бостон – Индијана 155:104
Мајами – Бруклин 105:109
Њујорк – Кливленд 89:95

Хјустон – Шарлот 128:119
Минесота – Денвер 110:89
Далас – Чикаго 114:105
Јута – Мемфис 133:109
Голден Стејт – Сакраменто 102:101
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 130:125

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот