„Небесно-сините“ денеска во осмиот натпревар од сезоната во Серија А ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Кротоне (0:2).
Тоа беше четврти триумф за Лацио во шампионатот за моментно петто место со 14 бода, три помалку од водечкиот Милан кој својот меч треба да го одигра в недела против Наполи на нашиот Елиф Елмас.
Трите бода за римскиот клуб на тешкиот терен поради силниот дожд во Кротоне ги обезбедија Имобиле во 21 минута и Кореја во 58 минута од средбата.
Во саботната програма имаме уште два меча во најсилното италијанско првенство, Специја е домаќин е Аталанта, а актуелниот шампион Јувентус се соочува со Каљари.
Да додадеме уште дека утре е македонското дерби помеѓу Удинезе на Илија Несторовски и Џенова во чии редови настапува Горан Пандев.