ВИДЕО | Креаторот на „Мој воздух“: Со сензори да се утврдуваат изворите на загадување, а некорумпирани инспектори да ги казнуваат причинителите

Загадувањето во Скопје не е подобрено иако во последно време многу малку се зборува на оваа тема. Според швајцарскиот портал IQAir кој објавува податоци поврзани со квалитетот на воздухот ширум светот, метрополата е помеѓу десетте најзагадени градови во светот. За разлика од претходните локални избори, кога главно ветување на идните градоначалници беше дека ќе го намалат загадувањето на воздухот, овојпат такво ветување не слушнавме од никого.

Креаторот на апликацијата „Мој воздух“ и нов член во Советот на Град Скопје, Горјан Јовановски, денеска во Утрински брифинг рече дека во последниве седум години откако тој се занимава со еко активизам, никој од власта не направил нешто за да се подобри квалитетот на воздухот.

– Тоа што некои денови има помало загадување е благодарение на временски услови. Само ветер, дожд и снег можат да ни помогнат во моментов, бидејќи план за решавање на проблемот никој досега не понуди. Малиот број на државни мерки станици посебно го отежнува проблемот, бидејќи не можеме да ја следиме состојбата. Но очекувам дека двајцата советници од Зелен хуман град во Советот на Градот помеѓу кои сум и јас, ќе успееме заедно со останатите советници да направиме нешто конкретно на темата аерозагадување. На следните локални избори очекувам да не се споменува аерозагадувањето во кампањата, како и сега што не се зборуваше за тоа, но не затоа што сакаме да го заборавиме, туку затоа што навистина нема да има загадување на воздухот, вели Јовановски.

Тој е свесен дека за решавање на овој проблем се потребни долгорочнио методи, но вели од некаде мора да се почне.

– Ние како општество никако да почнеме да го решаваме проблемот. Ние од Зелен хуман град постојано зборуваме за можните решенија, како поставување на фотоволтаични средства на објектите на Град Скопје и користење на мазут кои што знаеме дека многу загадува, како и поставување на хипер мрежа на сензори, посебно околу индустриски објекти или критични делови од градот каде што мислиме дека има загадување, за веднаш да видиме од каде доаѓа тоа загадување и да се испратат инспектори кои нема да бидат корумпирани, и да ги казнат сторителите, вели Јовановски.

Во моментов државните мерни станици не се во функција, но податоците од аматерските мерни станици покажуваат дека дишеме кој е два пати позагаден од дозволеното.

Јовановски е креатор и на интернет страната „Мој град. на којашто граѓаните можат да пишуваат предлози за подобрување на квалитетот на живот во Скопје, по што за најдобрите три предлози се дискутира во Советот на Градот.

– Предлозите се гласаат од сите корисници на порталот, а најдобрите три предлози ги поднесуваме на дневен ред на Советот за да може да се дискутираат и да се одобрат. За жал, претходниот состав на Советот ги одбиваше предлозите на граѓаните. Се надевам дека новиот сотав ќе ги слушне предлозите на граѓаните, што всушност е и работа на членовите на Советот, објаснува Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот