ВИДЕО | „Кажи ми, кажи Вардаре, колку ли солзи криеш ти“: Лозано со уште едно маестрално дело!

Фото: Промо

По подолга пауза поради пандемијата со коронавирусот, нашата најголема машка музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано конечно реши да ја објави својата најнова песна.

Вардаре“ е насловот на новата нумера, за која сме сигурни дека ќе биде само уште еден бисер во низата хитови.

Се разбира, автори на ова дело се тандемот Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак режисер на видеото е Даниел Јовески, кој и овојпат направи приказна која ќе допре до секој од вас.

Инаку во овој најнов проект на Лозано учествуваа и работеа повеќе од дваесет луѓе, а меѓу нив се актерите Емилија Мицевска Трајковиќ, Горан Глигориески, Марко Богдановски и Сања Јаневски, а тука беа и нивните помлади колеги од актерската школа на Весна Петрушевска – Бејби.

Да не должиме многу, ве оставаме да уживате во уште едно музичко дело создадено со многу љубов и труд.

Во блиска иднина очекувајте доста нови музички проекти, бидејќи Лозано и неговиот тим не престанаа со творење и покрај пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот