ВИДЕО | Калиопи откри лична приказна: Понизно му ја свирев „Обои ме“ на Ромео
Калиопи има многу хитови, а еден од нив е песната „Обои ме“ од нејзиниот албум од 1999 година. Во емисијата „Еден на Еден“, таа раскажа како на Ромео Грил, нејзиниот поранешен сопруг, композитор и продуцент му ги свирела тие песни. Вториот дел од разговорот со Калиопи ќе се емитува в недела, од 18.30 на Канал 5 ТВ.
Препорачано
– Во тој момент кога со Ромео се разведувавме, јас му кажав дека сакам да се вратам назад во Македонија со свој албум и да направам камбек. Му реков дека во меѓувреме нешто компонирав, и ако сака да дојде кај мене дома да чуе. Ромео дојде, и јас му ги свирев песните, ‘Обои ме’ прво му ја свирев, музиката и текстот беа мои, и Ромео многу ја бендиса. Рече: ‘Да, ова оди’. После му ја свирев ‘Дај да пијам’. Рече: ‘Да, и ова ќе оди’. И уште многу песни кои се мои како ‘Не плачи“, рече Калиопи.
На прашањето на Жаре: „Ти требаше ли храброст ова да го направиш пред него“, Калиопи рече:
– На човекот кој ги пишувал сите мои хитови најголеми требаше да му кажам: ‘И јас напишав нешто’. Беше токму така, јас не се кријам зад тоа. Јас со голема понизност и страв ги свирев песните“, рече Калиопи.
Во видеото подолу можете да видите дел од интересните приказни на Калиопи.
(Комерцијален текст)


